Powered By Blogger

5. 5. 2013.

Нова мала победа за битолскиот апорт, овој пат во крос

Велигденскиот крос во Скопје во знакот на битолските таленти во сите конкуренции
На седмиот по ред велигденски крос кој се одржа во главниот град на кејот на реката Вардар, екипата од Битола ја потврди доминацијата која и до сега ја имаше на ова натпреварување. Битолските ученици од основно и средно училиште го освоија големиот пехар за успесите во екипна конкуренција во основно и средно образование.
Основците беа екипно беа најдобри, а средношколците беа второ пласирани, само поради тоа што во екипата ги немаше најдобрите од трета и четврта година кои имаа обврски во училиштето. Инаку, на Кросот во Скопје маше 24 категории во атлетика, а битолчани победија поединечно во 12 категории, а имаа и голем број на втори и трети местаДонесоа медали и пехари јас сакам да им се заблагодарам за нивните резултати кон 10 јуни ќе ги сублимираме сите деца кои постигнале барам еден републички резултат дали е тоа физика, математика и ќе им доделиме благодарници рече на приемот Владимир Талески, градоначалник на Битола, на кој натпреварувачите минатата недела му го предадоа големиот пехар кој го освоија во екипна конкуренција, на кој беше изгравирано името на Општина Битола.

Нема коментара:

Постави коментар