Powered By Blogger

9. 5. 2013.

Домаќинот најдобар во двете категории

ЗАВРШИ ЧЕТВРТИОТ МЕЃУНАРОДЕН ВЕЛИГДЕНСКИ КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „БИТОЛА 2013“
Во организација на кошаркарскиот клуб „Младост“ Битола на 3 и 4 Мај во Битола се одржа 4. меѓународен Велигденски турнир „Битола 2013“ Натпреварите беа во две категории: момчиња родени 2000 г. и девојчиња родени 1998 г.
Во машка конкуренција учествуваа: „Рилски спортист“-Самоков, Бугарија; „Воштарница“-Задар, Хрватска; „Црн Дрим“-Струга и „Младост“-Битола, а додека во женска конкуренција, учествуваа три екипи: „Слога“ Пландиште, Србија; „Гостивар 2009“-Гостивар и „Младост“-Битола. Натпреварите се играа во спортските сали „Младост“ и „Павел Шатев“-Студентски дом. Турнирот започнаа во петокот, а свеченото отворање беше проследено од рекорден број на посетители во спортската сала „Павел Шатев“ каде свој настап имаше ТСК „Степ“ од Битола. По дводневни возбудувања, победник во двете категории е КК „Младост“ од Битола. Во женска конкуренција второто место го освои ЖКК „Слога“ Пландиште од Србија, а третопласирана екипата на ЖКК „Гостивар 2009“. Во машка конкуренција, по големи возбудувања второто место го освои КК „Воштарница“ од Задар, Хрватска,  па трети беа КК „Рилски спортист“-Самоков, Бугарија, а четврти гостите од Струга-КК „Црн Дрим“. Во рамките на турнирот се одржаа и повеќе ревијални натпревари на најмладите членови од КК „Младост“, а свој натпревар имаа и ветераните кои го прославија клубот во периодот 2002-2006.
Организаторот заслужи највисока оценка. Ваков турнир е пример и за останатите како треба да се организира. Благодарни сме за одличниот прием и сместувањени изјави Радослав Стефановски, претседател на ЖКК „Слога“-Пландиште, Србија.
Нашите играчи понесоа незаборавни спомени од овој турнир. Благодарност до организаторот за одличната атмосфера по завршувањето на турнирот ни изјави Томислав Кларица, претседател на КК „Воштарница“ Задар, Хрватска. Покрај организаторот, турнирот го помогнаа: Општина Битола, Ректоратот на УКЛО-Битола и Сојузот на спортови-Битола.

Нема коментара:

Постави коментар