Powered By Blogger

30. 5. 2013.

Ристевски тешко повреден, загубен за подолг период

БЕЗ КАРИЗМАТИЧНИОТ КАПИТЕН, ПЕЛИСТЕР ЌЕ БРКА ОПСТАНОК В НЕДЕЛА ПРОТИВ НАПРЕДОК
Победата во Гостивар против Шкендија имаше горчлив вкус за пелистерци. Не само заради ремито на Дрита во Тетово со Ренова, со кое битолчани не зависат сами од себе на последниот меч, туку и заради тешката повреда на капитенот Ристевски.
Имено плејмејкерот на зелените имаше болки во тетивата од десната нога и фатален беше мечот со Шкендија каде без дополнителен дуел, Ристевски почувствува кинење на тетивата, што подоцна беше потврдено и по враќањето во Битола. „За жал потврдени се најлошите стравувања и се работи за кинење на тетивата. Никогаш нема добар момент за тешка повреда, но овој пат навистина сме затекнати. На екипата му е потребен секој фудбалер, а јас не можам да им помогнам. Ме очекува долга пауза, операција и се надевам дека добро ќе се опоравам„ истакна Ристевски чија што нога е во гипс и не се знае рехабилитациониот процес. Сите фудбалери, стручниот штаб и навивачите се блиски до Ристевски и веруваат дека по опоравувањето пак ќе биде оној истиот со капитенската трака на неговиот матичен клуб. И без Ристевски, избраниците на Миле Димов ќе имаат многу тешка задача в недела. Играат директен дуел за опстанок со Напредок, а и евентуална победа може да биде недоволна за опстанок без бараж натпревар. Главевски се враќа во стројот по болеста која го оддалечи од мечот со Шкендија, а и Александар Вељановски влезе во серија по серијата одсуства. Чкембарите исто така се мобилизираат и ќе ги има во голем број против кичевчани, кои веќе еднаш гостуваа и загубија под Тумбе кафе со 2:0 минатата есен.  

Нема коментара:

Постави коментар