Powered By Blogger

7. 5. 2013.

Здравков не е веќе тренер на Пелистер, повторно Миле Димов на кормилото на битолчани

САМО ДЕСЕТИНА НАТПРЕВАРИ ВО ШАМПИОНАТОТ СО ЗДРАВКОВ И ПЕЛИСТЕР ПАК ГО МЕНУВА ТРЕНЕРОТ
 Гордан Здравков не е веќе тренер на фудбалскиот клуб Пелистер, а на клупата се враќа спортскиот директор Миле Димов, кој еднаш оваа сезона веќе беше в.д.тренер, кога си замина Горазд Михајлов.
По последниот пораз на битолскиот прволигаш од Дрита (2:0), Здравков одлучил да се повлече од тренерската клупа на Пелистер, а во последните кола од шампионатот, но најверојатно и потоа, во баражот за опстанок во Првата лига, тимот ќе го предводи Миле Димов. Пелистер на пет кола до крајот на првенството се наоѓа на деветтата позиција на табелата во Првата лига, со 30 освоени бодови, седум помалку од Брегалница и од Напредок, кои се наоѓаат на безбедните места кои го избегнуваат баражот. Битолчани пред четири кола успеаја изненадувачки да го совладаат Вардар (0:1) на арената „Филип Втори“ оттогаш нанижаа едно реми и два порази во првенството.

Нема коментара:

Постави коментар