Powered By Blogger

16. 5. 2013.

Надежите на Пелистер државни прваци

ВО БИТОЛА СО ДОМАШНА ПОБЕДА ЗАВРШИ РАКОМЕТНИОТ FINAL FOUR ОД ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ ЗА МЛАДИНЦИ
Младинските ракометари на Пелистер се шампиони во младинската лига на Македонија по фајнал-форот, кој се одржа во Битола, во спортската сала “Младост“. “Пелистерци“ со видно голем замор, поради тешката средба во полуфиналето против екипата на Текстилец, само поради фактот дека играа со повозрасни, се надминаа себеси во финалето против екипата на Вардар.
Во првото полувреме младите ракометари на домаќинот имаа предност од 2-3 гола, а на одмор заминаа со плус 2 (12:10). Во второто полувреме полека почна да се намалува малата предност за некаде на десетина минути гостите од Скопје да израмнат на 16:16.  По успешните одбрани и одличната реализација, од минута во минута за по еден гол се зголемуваше предноста на Пелистер, за во последните неколку минути да се влезе со предност од четири гола по што “вардарци“можеа да бидат гледачи на теренот.  Победивме два силни противници на два силни натпревари. Првиот натпревар или полуфиналето беше доста тежок, бидејќи игравме со екипа која е од друга повозрасна генерација и многу се истрошивме, па така во финалето тоа се почувствува во почетокот на второто полувреме ни рече Игор Николовски, тренер на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар