Powered By Blogger

10. 5. 2013.

Нов почеток за пелистерци со Димов на клупата

СО СИЛЕКС ПЕЛИСТЕРЦИ НЕМААТ ПРАВО НА ГРЕШКА АКО САКААТ ДА ГО ФАТАТ ПОСЛЕДНИОТ ВОЗ ЗА ОПСТАНОКОТ
Минаа пет сезони од последниот шампионат во кој на клупата на Пелистер во текот на сите 33 коло седеше еден тренер. Тоа беше Неџат Хусеин во последната супер позитивна сезона на пелистерци, кога беа третопласирани и обезбедија место во Европа. Од тогаш турболентно се менуваа предводниците на „зелениот брод„ Пелистер го водеа Љамчевски, Мацков, Цветановски (како в.д. решение), пак Хусеин, Секуловски, Димов, Михајлов, Здравков.
Сега по трет пат на крајот на една полусезона Миле Димов ќе ја води екипата и пак ќе дебитира в недела против Силекс. На последните три натпревари против таканаречените директни конкурентни Пелистер потфрли и освои само еден бод. Со тоа не успеа да го вреднова успехот со Вардар на Националната арена пред четири кола. Против Силекс, зелените се комплетни и немаат право на грешка.
                „Ги потрошивме сите кредити. Навистина игравме под нашето ниво на последните средби и од мечот со Силекс мораме многу подобро, доколку сакаме и наредната сезона да настапуваме меѓу прволигашите. Очекувам  правилен пристап, со што драстично ќе си ја олесниме работата во продолжението од сезоната. Ако мислиме дека мечот ќе го добиеме само заради местото на табелата на кое се наоѓа Дрита, се лажеме„ ни рече напаѓачот Благојче Главевски, кој од овој натпревар очекува нова позитивна серија како во есенскиот дел. Досега Пелистер го доби Силекс со 2:1 пред два месеци со пресврт со головите на Рутевски и Димитровски во вториот дел. Големи дилеми има околу стартниот тим, но скоро сигурно ќе има промени од оној кој одигра слабо во Боговиње минатата сабота. 

Нема коментара:

Постави коментар