Powered By Blogger

16. 5. 2013.

Џудистите од Битола ја коваат стратегијата за Охрид

ЏК Пелистер домаќин на подготовките на надежите од целта држава за балканскиот шампионат во Охрид
Најдобрите млади џудисти и џудистки од Македонија, околу 30, во јуниорска и во кадетска конкуренција, деновиве во Битола ги завршуваат подготовките за претстојниот Балкански шампионат што викендов ќе се одржи во Охрид.
Домаќин на џудостите е џудо клубот Пелистер, а Ѓуро Илиќ по тој повод вели: Се тренира  напорно, двапати дневно, а на гостите им обезбедивме одлични услови за работа. Тука се најдобрите млади џудисти од Македонија, кои претходно успешно ги поминаа неколкуте филтри - меѓународните митинзи во Ниш и во Белград, како и државното првенство. Главно се работи на тактичко-технички план, се поправаат некои забележани недостатоци, а се прават и првични анализи на можните противници според сознанијата што ги имамеНа годинашната Балканијада ќе настапат најдобрите млади џудисти од девет земји - Србија, Црна Гора, БиХ, Бугарија, Грција, Албанија, Романија, Турција и од Македонија, над 450 во двете конкуренции Инаку конкуренцијата е многу посилна и поголема од порано, така што ќе биде многу потешко да се стигне до медал, но ќе настапиме пред домашна публика и нема да биде изненадување доколку се закитиме со неколку медали во двете конкуренции велат првите луѓе на џудо федерацијата.

Нема коментара:

Постави коментар