Powered By Blogger

26. 5. 2013.

Кугларите се вратија со сребро од мундијалот

СОКОЛОВСКИ И КОЛЕГИТЕ МУ ДОНЕСOA МЕДАЛ НА МАКЕДОНСКАТА КУГЛАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА
Машката кугларска репрезентација на Македонија освои сребрен медал на Светското првенство кое се одржува во Залаегерцег, Унгарија. По фантастичната победа над Србија и влезот во финалето, нашите куглари ги одмерија силите со домашната селекција на Унгарија и беа поразени, со 4012 наспроти 3809 соборени кегли.
Унгарците покажаа надмоќ во финалето победувајќи во сите шест поединечни блокови, но, сепак, ова е голем успех за македонската кугларска репрезентација. Во финалето боите на Македонија ги бранеа Дамир Фучкар, Урош Штоклас, Александар Соколовски, Борис Бенедик, Бојан Влаќевски и Сашо Трпковски. Македонија во групната фаза успеа да ги победи: Полска, Црна Гора и Чешка, а во четвртфиналето и Австрија. Битно е да се напомене дека за прв пат во еден машки репрезентативен сениорски состав настапи и битолчанецот Александар Соколовски, кој досега успеа да победи на два натпревари, а на два тесно да загуби, воедно дебитирајќи во сениорската репрезентација и постигнувајќи одлични резултати, соборувајќи го својот личен рекорд.


Нема коментара:

Постави коментар