Powered By Blogger

19. 5. 2013.

Никнаа нови тениски терени во Битола

ОТВОРЕНИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА БЕЛИОТ СПОРТ ВО БИТОЛА

Денес заврши асфалтирањето на трите нови тениски терени кои се наоѓаат кај градскиот стадион под Тумбекафе.Проектот е на Владата на Република Македонија и Агенцијата за млади и спорт, финансиран од  Буџетот на Владата на Република Македонија и во висина од 11 милиони денари.
Со изградбата на тениските терени се создаваат можности за младите тениски таленти да се развиваат во идни професионални тенисери, но истовремено се овозможуваат услови и за сите рекреативци, кои во се поголем број се занимаваат со овој спорт. Тениските терени ќе бидат современи, со осветлување за ноќни натпревари, пристапни патеки, жичена ограда и најсовремена подлога според сите стандарди на Светската тениска асоцијација. После асфалтирањето ќе следува и еден завршен слој како што предвидуваат условите за играње тенис, а ќе се уредува и околината на терените.

Нема коментара:

Постави коментар