Powered By Blogger

20. 5. 2013.

Четири бода во една недела за надеж

РЕМИТО ВО СКОПЈЕ СО ТЕТЕКС И ПОБЕДАТА НАД РЕНОВА ГИ ОСВЕЖУВА НАДЕЖИТЕ НА ПЕЛИСТЕРЦИ ЗА ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК
Тетекс - Пелистер 0:0

На стадионот во Ѓорче Петров Тетекс и Пелистер одиграа досадни 0:0 во меч со мал број на зрели шанси. Домашната екипа беше подобар противник и преку Генц Исени во првиот дел имаше две големи шанси, но не беше расположен на целиот натпревар и не ја погоди целта. Пелистер беше претпазлив и ретко креираше можности за гол.
Главевски со удар од дистанца во 55 минута ја имаше најзрелата шанса. Во завршницата беше заменет Главевски со Кекец, па влезе и Димитровски, а заради незгодната повреда на голманот Илче Петровски, во последните 10 минути на голот застана Пеце Коруновски. Скромна партија на пелистерци и бод кој не значи многу во обидот да се излезе од бараж зоната.

Пелистер - Ренова 1:0 (1:0)

Градски стадион под Тумбекафе. Гледачи: 300
Главен судија: Темелков од Кавадарци
Стрелец: Драган Димитровски од пенал во 22 минута

Пелистер:

Коруновски, Еламзовски, Лескаровски, Стапановски, Лазаревски, Велјановски (Мегленски), Магловски, Китановски, Миленковски (Марковски), Ристевски, Димитровски (Христов).

Ренова:

Зендели, Фетаи, Симовски, Емини, Сали, Пандев, Степановски, Садики, Муслиу, Идризи, Гафури.

Фудбалерите на Пелистер се радуваат под Тумбе кафе по победата над екипата на ренова, која е минимално се сепак заслужена со резултат 1:0. Битолчани до значајната победа стигнаа преку голот на капитенот Драганчо Димитровски, кој поентираше од пенал, во 22 минута од средбата. Во вториот дел на средбата екипата на Пелистер имаше шанса за зголемување на водството и запечатување на победата, но шансите не беа искористени. До крајот на натпераврот гостите се обидуваа да стигнат до израмнување, но не успеаја, а нивната најповолна прилика за гол ја одбрани голманот Коруновски кон крајот на натпреварот. По поразот на Силекс веќе сигурни за заминување во втората лига се екипите на Тетекс и Силекс, а останува прашањето кој ќе се бори за опстанок во Првата лига, а меѓу тие екипи е и екипата на Пелистер.

Нема коментара:

Постави коментар