Powered By Blogger

1. 5. 2013.

Каде исчезна вистинскиот Пелистер?

ПОСЛЕДНИТЕ ДВА НАТПРЕВАРИ НЕ ЛИЧЕА НА РАЗИГРАНИОТ ПЕЛИСТЕР ОВАА ПРОЛЕТ. КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ ЗА ПАДОТ НА ЗЕЛЕНИТЕ?
Во стилот топло-ладно битолските зелени играа цела есен. Пролетта започна ветувачки со долга позитивна серија и со игрите и со резултатите. Но загрижува дисконтинуитетот, драстично полошите партии на домашен терен, а и последните две партии со Брегалница и Работнички. Уште почудно е што Пелистер од првото и второто полувреме на националната арена „Филип втори„ беше сосема друга екипа.
Управата и стручниот штаб имаат неколку дена до велигденскиот дуел во Боговиње да ги утврдат симптомите за овие фудбалски турболенции и одново да одпочнат. Сеуште ништо не е загубено и битолчани имаат реални шанси за опстанок на голема врата и избегнување на баражот. Но за такви повисоки дострели потребен е Пелистер од мечот со Вардар, од првиот дел во Турново, од второто полувреме со Силекс во Битола. Како позитивните периоди од 30-40 минути, пелистерци да ги растегнат во еден добар, тактички перфектен натпревар? Впечаток е дека во последниот месец од натпреварувањето се влегува со девизата: Важен е резултатот, играта брзо се заборава, но на последните две средби и резултатите му го свртеа грбот на зелените. В сабота против Дрита, со која два пати играа 1:1 оваа сезона, екипата на Здравков ќе биде без пожолтениот Лескароски, но во тимот се враќаат Драгарски и Благојче Марковски, кои од истата причина не патуваа во Скопје и Александар Вељановски кој ја санираше повредата. Талисманот на средбите во Боговиње минатата сезона беше Драган Димитровски, кој два пати му носеше победа за три бода на битолскиот прволигаш. Ветеранот пак чека шанса од клупата да ја подигне годинашната гол-квота на 4 гола, а севкупно во кариерата да ги прескокне сегашните 107 погодоци.   

Нема коментара:

Постави коментар