Powered By Blogger

5. 5. 2013.

Дрита го повлече Пелистер во бараж

Победа на фудбалерките и пораз на битолските фудбалери за време на велигденскиот викенд
Прва фудбалска лига - 28 - коло


Дрита - Пелистер 2:0 (1:0)

Нов тежок удар за амбициите на Пелистер да опстан во Првата лига без настап во баражот. По победата над Вардар, веќе трет меч екипата на Здравков не може да се препознае. За прв пат во историјата загуби од Дрита и тоа резултатски глатко.
Фудбалерите на Дрита предводени од Јетон Керими конечно ја пронајдоа победничката формула, и тоа против директниот конкурент за опстанок, Пелистер. Ги совладаа битолчани со 2:0, со головите на Неби Мустафи во 30 и на Барач во 87.минута од средбата. Сега и двата тима имаат по 30 бода на табелата и за да го избегнат баражот треба да „ловат“ негатива од седум бода во однос на Напредок и на Брегалница во последните пет кола. По двете гостувања и поразите од Работнички и Дрита, пелистерци наредниот викенд ја дочекуваат екипата на Силекс под Тумбе кафе. Со оглед на тоа што против себе ќе имаат екипа која со повеќе од една нога е во Втората лига, доаѓа противник во мерка за излез од резултатската криза.

Топ гол - Речица 4:1 (0:1)

                Фудбалерките на Топ гол во рамките на 15 коло од првата фудбалска лига за жени остварија нова победа над екипата на Речица и прокнижија нови три бода на своето бодовно салдо. Битолчанки на градскиот стадион под Тумбекафе пред околу 200 гледачи во одлични услови за натпревар ги совладаја кумановки со резултат 4:1. Стрелци за домашната екипа беа Скерлевска на двапати, Таповска  и ДанчеваЧеститки за победата и мотивираноста на моите играчи. Одигравме натпревар со две различни полувремиња. Влеговме во натпреварот многу мотивирани, веднаш на почетокот промашивме стопроцентни шанси за гол. Притисокот и желбата први да постигниме гол направи да имаме слаба реализација, а примениот гол од слободен удар дополнително ни ја наруши концентрацијата. Во второто полувреме ја имавме конторолата и поседот на топката, а шансите за гол се редеа како на филмска лента. Головите ги постигнавме на почетокот на второто полувреме и жалам што постигнавме само четири гола. Мора да работиме не ефикасноста и реализацијата на гол. Благодарност до сите наши симпатизери кои и на овој натпревар не бодреа ни рече тренерот Кире Грбевски по мечот

Нема коментара:

Постави коментар