Powered By Blogger

3. 5. 2013.

Во Боговиње по бодови

ПЕЛИСТЕР ПОДОБРО СЕ НОСИ СО УЛОГАТА НА АУТСАЈДЕР, НО ВО БОГОВИЊЕ НЕ СЕ КРИЕ ВО ПОТРАГАТА ПО БОДОВИ
Мирна фудбалска недела минуваат пелистерци во подготовката за велигденското коло и директниот дуел за опстанок со Дрита во Боговиње. Како да сакаат да ја префрлат улогата на фаворит на другата страна, бидејќи во таква ситуација зелените подобро се снаоѓаат. А мечевите  на големиот православен празник Велигден им лежат на битолчани.
Најрадосниот Велигден им се случи пред пет години, кога Миранда со хет-трик и три бода ја врати зелената делегација од „вечното дерби„ Сега последниот меч со Вардар е лајтмотив кој пелистерци не можеа да го најдат и да го спроведат против Брегалница и Работнички. Во таборот на Здравков најголеми грижи создава повредата на Тони Вељановски, кој не настапи со дебар маалци, но веќе тренира и постои умерен оптимизам дека ќе го почне мечот во Боговиње. Посебно е важен неговиот настап заради акумулацијата на картони на Лескароски. Така на централната дефанзивна позиција во опција остануваат Драгарски, Тони Магловски и евентуално Тони Вељановски. Во потрага по вистинската есенска форма е и Благојче Главевски, кој е сеуште без гол оваа пролет, а повредата очигледно оставила траги врз него и физички и психолошки. Без неговите голови нема да биде едноставно да се обезбеди директниот опстанок и да се избегне баражот. Од гостувањата кај Дрита, Шкендија и Тетекс, многу работи ќе бидат појасни дали Пелистер има основа да се надева на пласман под деветтото место или не.     

Нема коментара:

Постави коментар