Powered By Blogger

3. 5. 2013.

Директен дуел за опстанок во Боговиње

И ДРИТА И ПЕЛИСТЕР НЕ СМЕАТ ДА ЗАГУБАТ ВО МЕЃУСЕБНИОТ МЕЧ ОД 28 КОЛО НА ПРВАТА ЛИГА
Ниту денес по последниот тренинг одржан во утринските часови, не се познати единаесетмината со кои Пелистер ќе истрча во Боговиње во обид да им се врати на победите. Дилеми има во одбранбениот и средниот ред, а обидите да се оспособи Тони Вељановски најверојатно ќе бидат неуспешни. Нема да се ризикува со дефанзивецот, кој многу веројатно заедно со пожолтениот Лескароски нема да патува за Боговиње. Тони Магловски, Александар Вељановски, Филип Миленковски и Адријан Кекец кандидираат за стартно место во споредба со последните два-три меча. Во нападот работите се нешто појасни, но од шпиц играчите оваа пролет дојдоа само два гола, на Димитровски со Силекс и на Христов со Хоризонт Турново.
                „Јас сум подготвен по незгодната повреда заради која не настапував еден месец. За нас секој меч до крајот на првенството е финале и како такво го сваќаме и ова гостување на теренот на Дрита. Ниту противникот не е во оптимална позиција и затоа притисокот го префрламе кај нив. Тие се во ситуација повеќе да стравуваат за опстанокот во лигата„ ни рече Александар Вељановски кој по подолго време кандидира за место во средниот ред. Пелистер никогаш во својата историја не загубил официјален меч од Дрита и со таа ведрина помогната од статистиката патува во Боговиње.  

Нема коментара:

Постави коментар