Powered By Blogger

29. 5. 2013.

Убедлива победа на Пелистер во Куманово

ЛЕСНА, УБЕДЛИВА И ДВОЦИФРЕНА ПОБЕДА НА ПЕЛИСТЕРЦИ ВО КУМАНОВО
Куманово - Пелистер 23:32 (10:16)

Судии: Сашо Кркачев Сашо и Ѓоко Колевски (Скопје)
Делегат: Душко Камишевски (Скопје)

Во последниот гостински натпревар, Пелистер победи со 9 разлика во Куманово. Пелистер почна многу добро од самиот почеток и со 5 брзи одбрани на Тоскоски, резултат до 6 минута беше 0:6. Како изминуваше времето, резултатот на семафорот одеше во полза на Пелистер од 1:9, до високи 6 разлика на полувремето (10:16). Вториот дел Пелистер повторно го почна мотивирано и притисна за 12:18, 14:22, 20:27, за на крајот да заврши со сигурна победа од 9 гола разлика (23:32). Пелистерци настапија без Вешоски, Костовски и Велјановски. Најефикасен на средбата беше Ангелевски со 10 (6 од 7 метри), Митевски и Димитровски со по 5 гола. Тоскоски беше еден од најзаслужните со 18 одбрани и 2 седмерци, а Божиновски собра 2 одбрани. 

Нема коментара:

Постави коментар