Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Со Напредок по бодовите оставени во Скопје

КАКО ДА СЕ ЗАБОРАВИ МЕЧОТ СО РАБОТНИЧКИ И ДА СЕ ПОДГОТВИ ГОСТУВАЊЕТО НА НАПРЕДОК - ГЛАВНА ДИЛЕМА НА ПЕЛИСТЕРЦИ
Различни заклучоци донесоа вљубениците на зелената боја по вонредното 4 коло играно во средата. Зад себе ја оставија најдобрата партија во оваа полусезона, но од „Филип 2 арената„ не донесоа ниту бод. Сигурно сите би биле позадоволни со обратната варијанта, но и тоа е дел од магијата на фудбалската игра. Горазд Михајлов го потврди тимот кој ја совлада Брегалница, но ќе видиме дали истото ќе го направи трет пат по ред, со оглед на тоа што во една недела се играат три тешки мечеви со екипи со приближен квалитет.
В недела под Тумбе кафе, пелистерци ќе го одработат последниот натпревар без присуство на публика и тоа со традиционално незгодниот противник за битолчани, Напредок од Кичево. И кога Пелистер имал посилен тим, секогаш имал проблеми со екипата на Драган Бочевски. И сега Напредок помирен влегува во мечот со оглед на 7 освоени бода во првите 360 минути.
            „Штета што не донесовме некој бод од гостувањето во Скопје, целосно заслуживме дури и три. Сепак знаеме дека домашните мечеви се нашиот главен приоритет и не смееме да губиме бодови под Тумбе кафе. На претходниот меч на кој бевме без гледачи, заради суспензијата, нашите навивачи постојано не бодреа и верувам дека нивната песна ќе стигне до нас и овој пат. Напредок е солиден тим, но оптимист сум дека можеме до трите бода„ ни рече во пресрет на натпреварот искусниот дефанзивец Тони Вељановски, кој минатата сезона ја освои титулата со Вардар.
            Се предвидуваат 2-3 нови имиња во тимот на Пелистер за разлика од гостувањето во Скопје и тоа во одбранбениот и средниот ред.

Нема коментара:

Постави коментар