Ракометарот од Свети Николе пак се враќа во клубот во кој мина повеќе време дури и од матичниот Овче Поле
РК Пелистер во новата сезона ќе влези со уште
едно засилување. Тоа е повратникот во дресот на РК Пелистер - десното крило
Васил Митевски, кој по 6 месеци се враќа повторно во Битола.
Ова е трето враќање на Митевски во Пелистер кој во јануари поради безпарицата во клубот се реши да игра во Овче Поле од Свети Николе каде одигра една полусезона, за да се врати повторно во својот матичен клуб кој со неговото доаѓање уште повеќе ја зацврстува екипата за новата сезона. Роден е на 22.06.1983 година, висок е 190 сантиметри, а тежок 83 килограми. Има настапувано уште за екипите на: Винарска Визба Тиквеш и Барања (Црна Гора), Потекнува од ракометната школа на Овче Поле, а секако како најголем успех му е 4 место со македонската јуниорска селекција во 2002 на ЕП во Гданск (Полска). Со екипата тренира и пикерот-Љупчо Игнов кој што пристигнува од Мино Беира Мар.

Нема коментара:
Постави коментар