Иако пред две недели со доаѓањето на Благојче
Главевски, Пелистер го затвори преодниот рок, секоја понудена шанса на
„фудбалската берза„ треба да се искористи. Така во текот на вчерашниот ден
клубот го официјализира враќањето на Илир Елмазовски од тетовска Шкендија.
33 годишниот десен бек е изданок на прославенета битолската школа и последен пат беше во Пелистер во најуспешната сезона во клубската историја, кога клубот под водство на Неџат Хусеин заврши на третото место во сезоната 2006/07. Од тогаш Елмазовски мина одличен период во Шкендија кој не го забовара: „Сакам да им се заблагодарам на луѓето од Шкендија. Минав прекрасен период во Тетово, кој никогаш нема да го заборавам. Пријателски се разделивме со првите луѓе на клубот, со соиграчите и навивачите. Мојот нов предизвик е Пелистер. Веќе започнав да тренирам со новите соиграчи и забележав голем ентузијазам. Верувам во проектот на Пелистер и мислам дека ќе се забавуваме оваа сезона под Тумбе кафе„ заврши Елмазовски. Така искусниот десен бек се придодава на Коруновски, Лескароски, Главевски, Павлов, Т. Вељановски, Рутевски, Н. Марковски меѓу фудбалерите кои пристигнаа во Битола ова лето. Во градот под Пелистер владее голем ентузијазам. Со нетрпение се чека ждрепката за новата сезона и натпреварите за бодови. Се чувствува „гладта„ за елитен фудбал на битолчани, а по најавите Пелистер ќе биде компетитивен во новата сезона. Клубот многу повеќе доведе, одколку што пушти да заминат фудбалери од постоечкиот ростер и затоа расте желбата за нов добар почеток.

ФК Пелистер
Управен одбор:
Претседател: Сашо Здравевски
Спортски директор: Миле Димов
Координатор на фудбалската школа: Сашо
Илиевски
Секретар: Бруно Пресилски
Потпарол: Зоран Мишевски
Градски стадион: „Тумбе кафе„ - Битола.
Капацитет: 10.000
Играчки кадар:
Пеце Коруновски 05.10.1982
Дарко Ристевски 30.04.1991
Христијан
Драгарски 16.04.1990
Зоран Шалевски 24.07.1986
Илир Елмазовски 18.11.1979
Томе Китановски 21.05.1992
Милан Ивановиќ 08.03.1988
Игор Лескароски 17.10.1985
Тони Магловски 14.01.1993
Сашо Лазаревски 24.03.1982
Тони Вељановски 12.04.1984
Стефан Магловски 17.07.1988
Кристијан
Атанасовски 13.09.1995
Марко Павлов 26.03.1988
Бурхан Мустафов 02.03.1994
Дејан Велевски 22.10.1993
Димче Ристевски 06.10.1982
Филип Миленковски 07.01.1990
Александар Анастасов 04.05.1992
Зоран Симоновски 13.03.1989
Благојче Марковски 13.10.1987
Драган Димитровски 26.07.1977
Благојче Главевски 06.04.1988
Никола Марковски 05.11.1987
Стручен штаб:
Шеф на стручен штаб: Горазд Михајлов
Помошник тренер: Кире Стерјов
Помошник тренер: Зоран Штерјовски
Тренер на голмани: Сашо Петровски
Доктор: Зоран Лазаров
Физиотерапевт: Филип Милевски
Економ: Гоце Ставревски
Дојдоа:
Коруновски (11 Октомври), Т. Вељановски
(Вардар), Лескароски (Охрид), Павлов (Исланд), Н. Марковски (Грција),
Елмазовски (Шкендија), Главевски (Напредок)
Заминаа: Ников (Шкендија), Гоновски, Котевски
(Новаци), Алтипармаковски, Питошка, Павловиќ, Талевски -
Нема коментара:
Постави коментар