Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Главевски и Димитровски го носат Пелистер во четвртфинале

Со перфектна реализација на двата напаѓачи, Пелистер стигна до трета домашна победа во серија
Пелистер - Баби 5:0 (2:0)

Градски стадион под Тумбе кафе - Битола. Гледачи: 400
Главен судија: Тоше Ицев (Кавадарци)
Асистенти: Гоце Недев (Кавадарци) и Ирена Велеваческа (Прилеп)
Делегат: Роберт Пластиноски (Ресен)
Стрелци: Димитровски во 21 ,64 и 93 и Главевски во 32 и 48  минута за Пелистер
Жолти картони: нема
Црвени картони: нема

Пелистер:

Коруновски, Ивановиќ, Лескароски, Драгарски, Китановски, Павлов (од 76м. Т. Магловски), С. Магловски, Елмазовски, Анастасов (одц 74м. Рутевски), Главевски (од 62м. Б. Марковски), Димитровски

Баби:

Давитков, Серафинов (од 73м. Ефремов), Мирославев, Колев, Костов, Синев, Темелков, Варадиновски (од 46м. Алексовски), Коцев, Алексов, Николов (од 46м. Јованов) 

Играч на натпреварот:
Драган Димитровски (Пелистер)

Жешкото време беше главен противник на фудбалерите на двете екипи под Тумбе кафе. Пелистер прв пат оваа есен почна со Димитровски и Главевски од првата минута во нападот. Токму Главевски во 9 минута со глава и 6 минути подоцна несебично кон Елмазовски, ги имаше првите закани по голот на второлигашот. Третата шанса го донесе водството на зелените. Павлов центрираше во 21 минута, Димитровски постави и глава и ја погоди мрежата на Давитков. Неколку минути подоцна Благојче Главевски постигна гол од само неколку метри, но превреме втрча во противничкиот казнен простор и заради офсајд, голот оправдано беше поништен. Активниот Главевски својот добар меч со гол го круниса во 32 минута, кога се најде на вистинско место во противничкиот казнен простор и рутински го матираше гостинскиот голман. И со комбиниран тим, Пелистер лесно се справуваше со црвените од Штип, кои едвај минуваа преку центар. Целото прво полувреме се играше пред еден гол и вистинско чудо е како битолчани не постигнаа повеќе од два гола.  
            Очигледно незадоволен од првиот дел, гостинскиот тренер Христовски на стартот на вториот дел ги внесе Јованов и Алексовски, како би го засилил средниот ред и нападот. Но од првата офанзивна акција на зелените во вториот дел, Димитровски и Главевски убаво проиграа за високи 3:0 за прволигашот. Само 4 минути подцна, Елмазовски се обид директно од слободен удар, но Давитков исфрли во корнер. Во 58 минута Павлов „распали„ од 25 метри, но топката за малку заврши над пречката. Требаше да мине еден час за првата закана на Баби, кога Алексовски убаво шутираше по земја, за малку крај дирекот на Коруновски.  Акциите се редеа во целото второ полувреме, а по продорот на Китановски, Главевски силно биеше, но за хет-трик потребна беше поголема прецизност. Се играше 64 минута кога пак Димитровски со својот специјалитет, ударот со глава, се најде на вистинското место за четврт гол во мрежата на штипјани. За трет гол на Димитровски му недостигаа неколку сантиметри во 67 минута, кога перфектниот центаршут на Китановски, за малку ветеранот не го претвори во петти гол. И во 90 минута имаше голема шанса по корнерот на Рутевски, но Давитков со парада исфрли во корнер. Во судиското надополнување заради недозволена позиција беше поништен голот на Благојче Марковски. Но во последната акција во мечот, Рутевски беше срушен во казнениот простор, а по пеналот Димитровски го заокружи својот хет-трик. Така пелистерци без поголем напор ја забележаа втората убедлива Куп победа и веќе им се наѕира пласманот во четвртфиналето. 


Зоран Штерјовски во Монголија

            По Марјан Секуловски кој замина минатата есен, стручниот штаб на Пелистер го напушти и младиот Зоран Штерјовски. Вториот помошник на Горазд Михајлов ја прифати понудата на клуб од Монголија и потпиша договор на шест месеци. Тој ќе ја води младинската екипа на клуб од оваа земја.
             

Нема коментара:

Постави коментар