Пелистер
- Дрита 3:2 (1:2)
Фудбалерите на Пелистер со 3-2 ја совладаа Дрита и го освоија
првото место во првенството на Втората лига и како шампиони се враќаат во
прволигашка конкуренција. Овие две екипи кои денеска ги одмерија силите под
„Тумбе кафе“, се директни патници во Првата лига за идната сезона, додека
Еуромилк и Скопје ќе играат во бараж за прволигашко друштво против Хоризонт
Турново и Тетекс.
Еуромилк
со 1-3 ја совлада Македонија ЃП на гостински терен, а Скопје беше поуспешен од
Кораб (2-1), со што двата тима обезбедија шанса со дополнителен меч да стигнат
до елитата. Локомотива го спречи Миравци да стигне до таква можност,
победувајќи го со 2-1. Од лигата испаднаа пет екипи, Кораб, Влазерими, Осогово,
Охрид Лоте и Беласица.
Нема коментара:
Постави коментар