Металург - Пелистер 1:0 (1:0)
Во првото гостување во новата 21 сезона,
битолскиот прволигаш минимално загуби на теренот на вицешампионот со минималец.
Деталите и играта со човек помалку цели 70 минути беа главни фактори за
поразот. Пелистер направи нколку
суштински замени од тимот кој ремизираше со Шкендија. Една од најважните беше
внесувањето на Христијан Драгарски во последниот ред на одбраната.
Зелените добро го почнаа мечот, иако малку подзатворено, ги неутрализираа нападите на вицешампионот. Но кога се чинеше дека на одмор ќе се оди со почетните 0:0, Благојче Главевски центрираше до неговиот брат Петар, а по неговиот удар со глава, Драгарски на гол линијата играше со рака за пенал и исклучување. Паднаа во вода сите планови, кога Миле Крстев најстрогата казна ја претвори во водечки гол за Металург. Избраниците на Горазд Михајлов знаеа дека ги очекува невозможна мисија. Во последната минута од првиот дел, гостите ја имаа најзрелата шанса. Китановски мина по десната страна, го пронајде Благојче Главевски, а неговиот удар домашната одбрана го расчисти од само неколку метри од гол линијата.

Второто полувреме донесе далеку помалку
емоции, многу мал број на зрели шанси и контрола на минималното водство на
екипата на Ѓорѓи Христов. Ниту влегувањата на Александар Вељановски, Драган
Димитровски и Благојче Марковски не донесоа можност за израмнување. Напротив,
во последните неколку минути Металург од контранапади имаше шанси за втор гол,
но остана одлучувачки голот од пенал на Крстев од првиот дел.
Во првото соочување како тренер против
неговиот Пелистер, Ѓорѓи Христов му го нанесе првиот пораз на битолскиот
прволигаш. Во наредното трето коло екипата на Горазд Михајлов в недела од 17:00
часот под Тумбе кафе го дочекува лидерот Брегалница. Зелените се надеваат дека
третата ќе биде среќа по враќањето во Првата лига.
Нема коментара:
Постави коментар