Екипата на Пелистер е последниот четвртфиналист во Купот на
Македонија, откако денеска на реванш осминафиналната пресметка против
второлигашот Баби во Штип ремизираше 1-1, сосема доволно за пласман понатаму по
убедливата победа од 5-0 на првиот дуел во Битола.
Пелистер прв дојде до водство и на денешниот дуел во 25. минута кога Б. Марковски погоди од белата точка, додека домашните израмнија само три минути подоцна со голот на Алексов, што на крајот беше и конечен резултат на средбата. Битолчани на тој начин им се приклучија на Вардар, Шкендија, Металург, Тетекс, Дрита, Ренова и Силекс кои вчера веќе обезбедија место меѓу најдобрите осум екипи во Купот на Македонија.

Нема коментара:
Постави коментар