Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Охрид Лоте не допатува во Битола


Една од најслабопласираните екипи во нашата Втора лига не допатува и тоа во два наврати под Тумбе кафе
Пелистер - Охрид Лоте 3:0 службен резултат

Тимот на Охрид Лоте ниту во неделата не допатува во Битола на меч со Пелистер,откако  тоа не го стори ниту во саботата попладне, па битолчани ќе добијат службени бодови.
Натпреварувачката и Дисциплинската комисија на ФФМ ќе имаат работа со случајот на Охрид Лоте и ќе треба драстично да ги казнат, затоа што вакви клубови не смеат да си поигруваат со реномето на второлигашкото натпреварување. Пелистер ќе добие три бода со кои повторно ќе се искачи на чело на табелата.

Нема коментара:

Постави коментар