Пелистер во
неделата во Охрид го претрпе првиот
пораз во предсезоната, но од него никој не е загрижен. Напротив, управата и
стручниот штаб се задоволни од развојот на подготвителниот период. Како со
Брегалница, така и со Тетекс, зелените креираа многу шанси за гол, што може
само да радува.
В четврток под Тумбе кафе ќе гостува младата екипа на Работнички и тоа ќе биде уште едно доближување до максималната форма пред официјалните натпревари. Горазд Михајлов на располагање ги има сите фудбалери со исклучок на Драган Димитровски, кој пропушти три контролни средби, но ќе се врати на тренинзите и за очекување е до првото првенствено коло да биде фит. Битолската јавност со нетрпение ја очекува ждрепката за новата сезона и можноста уште на стартот во Битола да гостува една од водечките екипи од претходниот шампионат. По контролниот меч со Работнички, Пелистер уште еднаш ќе игра со второлигашот Новаци, а потоа во зависност од точниот термин за почеток на првенството ќе се знаат можните тестови и имињата на противниците. Управата на Пелистер се надева дека клубот може да привлече многу нови „фанови„ и да продаде голем број на сезонски билети. Многу често во претходните неколку сезони во кои Пелистер играше во Првата лига „Тумбе кафе„ беше меѓу најисполетите стадиони во државата и веројатно ќе биде така и во наредниот 21 шампионат на Македонија.

Нема коментара:
Постави коментар