Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Златната Наковска Бикова пристигна во Македонија

ЗАСЛУЖЕНА ЕУФОРИЈА ВО НАШАТА ЗЕМЈА ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО НА ЗЛАТНАТА ПАРАОЛИМПИЈКА ОД БИТОЛА
Македонската параолимпијка Оливер Наковска Бикова заедно со останатата наша експедиција од Лондон, предводена од тренерот Бранислав Јовановски и вториот параолимпиец Ванчо Каранфилов денеска околу пладне пристигнаа на скопскиот аеродром каде беа пречекани од претставници на домашните државни институции, спортски фанови, роднини и пријатели.
Наковска Бикова на вистински начин го прослави македонскиот спорт со освоениот златен медал на Параолимписките игри во Лондон во дисциплината воздушен пиштол – 10 метри, поради што со одлука на Владата на РМ доби еднократна парична награда, како и спортска пензија од Агенцијата за спорт и млади. На пречекот во неделата на македонските параолимпијци, пред се на битолчанката Оливера Наковска Бикова, на скопскиот аеородром „Александар Велики“ покрај директорот на АМС, Лазар Поповски беа присутни и Министерката за внатрешни работи на РМ, Гордана Јанкуловска како и градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

Нема коментара:

Постави коментар