Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Пелистер прокоцка победа во последните две минути

Во изедначен натпревар во Битола, Пелистер и Куманово ремизираа во драматичен финиш
Пелистер - Куманово 26:26 (14:15)

Спортска сала „Младост„ - Битола. Гледачи: 600
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола)
Делегат: Благој Петров (Велес)


Пелистер:
Тоскоски (12 одбрани), Божиновски, Нечков, Ангелковски, Костовски, Ордев 4, Стојановски, Јосифовски, В. Димитровски 6, Чурлевски 7, Митевски 5, Вешовски 2, Дрогришки, Митревски, Петровски 2, Мемиќ

Исклучувања: 8минути
Седмерци: 3/2

Куманово:
Арсовски, Б. Трајковски (17 одбрани), Спасиќ, Павловски 1, Блажевски 2, Димитриевски 5, Тасевски, Јордановски, Кузмановски, С. Трајковски 5, Ангеловски 6, Миладиновски 1, Димовски, Г. Димитровски, Ѓорѓиевски 6, Николиќ

Исклучувања: 6 минути
Седмерци: 1/1

Во допадлив и изедначен натпревар, Пелистер и Куманово одиграа интензивни 60 минути, во кои одлучувачки беа последните 120 секунди во кои Ѓорѓиевски со два гола ја искористи неснаодливоста на пелистерци да однесе бод од Битола. Момчињата на Поповски почнаа подобро и први со голот на Филип Чурлевски се одлепија на 5:2. Но со одличните шутери, кумановчани реагираа и во 13 минута Ангеловски израмни на 7:7. Играта на битолчани главно се базираше на креацијата на Чурлевски, робусноста на Васко Димитровски и подготовката за удари преку крилните позиции. Но во 21 минута настана првата позитивна серија на гостите. Се разбрани С. Трајковски и со серија 0:5, екипата на Куманово дојде до највисоки 9:14. Но Васко Димитровски со своите 2-3 гола, го врати Пелистер до 14:15 на одморот. Второто полувреме само во првите пет минути донесе игра гол за гол. Се разбрани Тоскоски, лесни голови постигнуваа Митевски и Петровски и постојано зелените имаа 2-3 гола предност. Но од надворешната линија Куманово беше видливо посилен. Ангеловски и Ѓорѓиевски секогаш возвраќаа на предноста на Пелистер. И кога се чинеше дека лесно домаќинот ќе го приведе мечот кон крај, следеше серија на неизнудени грешки, блокови во одбраната и лесни голови за гостите. На 20 секунди до крајот Ѓорѓиевски израмни, а Пелистер не подготви добра позиција за шут за победа. Екипата на Поповски треба да жали што не успеа да триумфира, иако покажа видлива желба и жртвување да се стигне до целиот плен. 

Нема коментара:

Постави коментар