Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Шоу на битолските напаѓачи под „Тумбе кафе„

НАПАЃАЧИТЕ НА ПЕЛИСТЕР ВО ВТОРИОТ ДЕЛ ЈА „СКРШИЈА„ОДБРАНАТА 
Пелистер - Ренова 3:1 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Гледачи: 1.000
Главен судија: Димитар Мечкаровски
Асистенти: Душко Милошевски и Дејан Неделковски (сите од Скопје)
Делегат: Митко Локоски (Охрид)
Стрелци: Главевски во 48 и 75  и Димитровски во 54 минута за Пелистер, а Андонов во 77 минута за Ренова
Жолти картони: Б. Марковски (Пелистер)
Црвени картони: нема

Трета домашна победа во четвртиот натпревар за Пелистер и потврда дека избраниците на Михајлов играат многу подобро под „Тумбе кафе„ одколку на гостувањата, Во прекрасен амбиент по убаво време Пелистер почна агресивно и по 20 секунди Сашко Лазаревски шутираше од мртов агол од левата страна, но топката заврши над голот. Веќе во 4 минута Зендели ја имаше и првата интервеција по млакиот шут на Главевски по земја. Гостите возвратија преку Сашко Пандев и неговиот остар центаршут во 8 минута. Но активниот домашен центарфор Благојче Главевски ја имаше најзрелата шанса во отворањето, кога неговиот шут од непосредна близина, заврши над пречката. Домаќините бараа пенал во 14 минута кога по центаршутот на Александар Вељановски, топката го погоди Велија во раката, но Мечкаровски не ја прекина играта, сметајќи дека раката му беше залепена за телото на гостинскито фудбалер. Суад Зендели се надмина себеси во 18 минута кога рефлекснио од само неколку метри со нога го одбрани ударот на Главевски од само 5-6 метри. Минута подоцна Зендели веќе беше совладан по ударот со глава на Главевски, но неговата десна статива му беше сојузник и спречи водство на битолчани. Во периодот од 25 до 30 минута домаќините имаа две нови шанси преку Драгарски и Димитровски, но патот до водство секогаш го сопираше Зендели. Но силните обиди на зелените и неефикасноста, можеше да биде казнета, ако Пандев од неколку метри беше поконцентриран во 40 минута. Неговиот удар по земја Псце Коруновски сигурно го одбрани. По одличен прв дел, пелистерци надмоќта не успеаа да ја крунисаат со гол
            Не можеше да почне подобро второто полувреме за зелените. По акцијата на Тони Вељановски, дефанзивецот убаво додаде до Главевски, кој избегна офсајд стапица и со убава завршница го отвори резулатот.  Ренова преку Симовски минута подоцна можеше да израмни, но Коруновски пак потврди дека е на висина на задачата. Но дефинитвниот удар ибраниците на Михајлов го зададоа во 54 минута, кога Томе Китановски од дистанца го погоди дирекот, а во продолжението на акцијата Драган Димитровски од само неколку метри го постигна својот втор гол во шампионатот за 2:0.  Пелистер го „умртви„ натпреварот, а ниту влегувањата на Исмаили и Андонов, не го смени ритамот на „гипсарите„. Во првиот контакт со топката, Благојче Марковски упати употреблив центаршут на втората статива, а Главевски овој пат со глава од само неколку метри ја запечати судбината на Ренова. За блесок на гостите требаше да почекаме до 77 минута кога Андонов направи слалом во битолската одбрана и по земја пласираше за 3:1. Најубав домашен меч за Пелистер, кој пак е на 50% учинок по половина од есенскиот дел на шампионатот.
Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)

Коректен натпревар со само еден жолт картон и тоа на самиот крај на средбата. Одигравме одлично, креиравме многу шанси и уште во првиот дел можевме да поведеме. Сепак со реализацијата во вториот дел сите сме задоволни и слободно можам да кажам дека ова е најдобрата партија на Пелистер оваа сезона. Играта со двајца напаѓачи даде резултат и радосен сум што пред дербито со Вардар одигравме вака квалитетно.


Ќатип Османи
(тренер на Ренова)

Заслужена победа на Пелистер. Едноставно ние потфрливме, а противникот умешно тоа го искористи.


Нема коментара:

Постави коментар