Раководството на РК
Пелистер преку соопштение ја информираше
јавноста дека битолскиот клуб подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 3
јуни, а тренерот на „пелистерци“ во 2012/2013 ќе биде поранешниот македонски
репрезентативец Кире Поповски.
„Управата на РК Пелистер 08 Битола ги известува сите печатени и електронски медиуми дека на ден 3 август почнуваат подготовките за претстојната сезона 2012/2013. Подготовките ќе се одвиваат во Битола, предводени од поранешниот репрезентативец на Македонија и досегашен тренер во младинската школа, Кире Поповски. Поради губење на рејтингот на македонскиот ракомет, петтопласираната екипа од ланската сезона (РК Пелистер) нема да се натпреварува во европските купови. РК Пелистер соочен со тешката финансиска состојба реши оваа сезона да почне да се натпреварува со млади перспективни играчи од Битола, се со цел да се изгради и направи една нова генерација на македонски играчи кои ќе поминат низ добро познатата школа на Битола. Добро знаеме дека костурот на репрезентацијата го сочинуваат играчи кои поминале низ школата на РК Пелистер“ - се вели во соопштението до јавноста. Покрај тоа, челниците на клубот уште еднаш побараа помош за посериозни финансиски инвестиции со кои што Пелистер би им се приближил на Металург и на Вардар про на врвот на македонскиот ракомет.„Во изминатите години сведоци сме дека и покрај петгодишниот апел од иницијативниот одбор за спас на РК Пелистер, никој од претпријатијата на градот под Пелистер нема тропнато на вратата на канцеларијата на клубот. За овие пет години наидовме само на лажни ветувања, одолговлекувања и слично. Ја користиме оваа прилика за да повикаме секој кој што е заинтересиран да помогне или да го превземе ракометниот клуб јавно да се изјасни“ - порачуваат членовите на сегашната управа на „пелистерци“.

Нема коментара:
Постави коментар