Иако очекуваа казна, првите луѓе на Пелистер
се сепак изненадени од одлуката на дисциплинската комисија да го „затвори„
Тумбе кафе за наредните два натпревари. Така веќе испечатените билети за мечот
со Брегалница одат во архивата, а тимот на Михајлов ќе се обиде и без подршката
на своите најверни навивачи да ја забележи првата победа. Елмазовски се враќа
во комбинација за настап по исклучувањето на дебито со Шкендија.
Единствено Драгарски од истата причина, своето враќање ќе го има в среда во Скопје со Работнички. Зелените најавуваат офанзивна формација и победата над Славеј во Купот беше само инјекција за успех и во првенството. Покрај Главевски, шанса ќе добијат два странични напаѓачи а фаворити се Миленковски и Б. Марковски. „Бодовите ни се неопходни и веруваме дека можеме да ја сопреме позитивната серија на Брегалница. Штета што мечот ќе мора да го играме без нашите навивачи, бидејќи не е ист амбиентот со и без публика. Сепак убеден сум дека сите фудбалери на Пелистер кои ќе добијат шанса, ќе дадат максимум за да издвојуваме победа„ ни рече офанзивниот десен бек Томе Китановски. Пелистер барем во Битола има позитивна традиција од мечевите со штипјани, иако минатата сезона воопшто не се сретнаа. Последен пат во Куп дуелите во сезоната 2010/11 се радуваа фудбалерите на Брегалница.

Нема коментара:
Постави коментар