Златната
параолимпијка доби заслужена награда од сите државни структури, а парично и од
владата
Новата параолимписка шампионка, Оливера Наковска - Бикова, доби награда од 30.000 евра од Владата на Република Македонија, за огромниот успех и освоениот златен медал на Игрите во Лондон што завршија пред само неколку дена. Наковска - Бикова во изминатиот период доби неколку награди за ова свое фантастично достигнување, а најбогатата стигна од Владата, која што на својата вчерашна седница донесе одлука да ја награди македонската параолимпијка.
Таа денеска беше примена и од страна на Премиерот на Р. Македонија, Никола Груевски.„Оливера Наковска-Бикова постигна огромен успех, освојувајќи златен медал и поставувајќи светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон 2012“ - се вели во соопштението од Владата на Р. Македонија.

Нема коментара:
Постави коментар