Трет меч и трет пораз на фудбалерите на Пелистер на гостувањата во официјалните мечеви во новата сезона
Тетекс - Пелистер
2:0 (1:0)
Баукот од гостувањата на
фудбалерите на Пелистер продолжува. Трет меч и трет пораз, овој пат од последно
пласираната екипа Тетекс, кој до овој меч немаше ниту бод во Првата лига. По
врнежливо време, зелените беа бодрени од 100 тина навивачи кои допатуваат од
Битола по првите гостински бодови во сезоната.
Сепак искусниот повратник во мак-фудбалот Боби Божиновски беше кобен за зелените. Пелистер ги контролираше работите во првиот дел, па дури и можеше да дојде во водство. Алексанадр Вељановски му побегна на домашната одбрана и во клучниот момент Јорде Георгиевски интервенираше. На одбиената топка натрча Тони Вељановски и биеше од голема далечина, но топката заврши за малку крај дирекот. Во последните неколку минути од првиот дел, „штофарите„ наметнаа притисок и по една нерасчистена опасност по корнер, среќно топката стигна до Божиновски, а овој снаодливо ја втурна во мрежата на Коруновски. Пелистерци не успеаа да реагираат по одморот, иако протестираа во 61 минута, баракќи пенал врз Тони Вељановски. Иако имаше очигледно влечење, главниот судија не ја прекина играта. Во игра влезе Драган Димитровски и со офанзивна игра, екипата на Горазд Михајлов се обиде да се врати во мечот. Но тоа остави многу простор за контранапади и по еден од нив на сличен начин како при првиот гол, Божиновски од 7-8 метри од лево ја пласираше топката во празната мрежа. Прва победа за Тетекс во новата сезона и трет гостински пораз за Пелистер. Со 7 бода од 6 кола екипата на Михајлов падна во долниот дел на табелата и со нетрпение да се извади го чека дуелот со Ренова од 15:30 во Битола.

Нема коментара:
Постави коментар