Powered By Blogger

23. 9. 2012.

Главевски одлучувачки фактор во Битола


Пелистер - Брегалница (Ш) 1:0 (0:0)

Градски стадион „Тумбе кафе„ - Битола. Без гледачи
Главен судија: Никола Костенчев
Асистенти: Александар Димовски и Марјан Стојанчевски (сите од Скопје)
Делегат: Миле Андоноски (Прилеп)
Стрелци: Главевски во 76 минута за Пелистер
Жолти картони: Миленковски, Елмазовски, Димитровски (Пелистер), Митров (Брегалница (Ш))
Црвени картони: нема
Играч на натпреварот:
Благојче Главевски (Пелистер)


            Фанатичната борбеност пред се во второто полувреме, беше факторот кој го одлучи дуелот на новиот прволигаш со лидерот. Натпреварот во нереална атмосфера, без публика, но со постојани скандирања на Чкембарите кои навиваа од соседниот рид, започна мирно, со период без шанси, со многу грешки, во шаховско надмудрување на двајцата тренери. Првата грешка ја направи гостинскиот голман Александар Чановиќ, кој непотребно го напушти голот, а Китановски иако убаво лобуваше за малку го префрли голот. Гостите единствената закана ја имаа во 30 минута кога Росендо Хорасио биеше од 25 метри, но централно, па Коруновски без проблеми интервенираше. Со удар од дистанца изворедно се обиде и А. Вељановски пред одморот, но топката неколку сантиметри заврши над пречката. Најзрелата шанса ја имаше Брегалница во 43 минута, кога аргентинецот Хорасио повлече контранапад, одлично пласираше во спротивниот агол, но среќата ги посака битолчани и ударот заврши за малку крај левиот дирек на Коруновски. Изедначеното прво полувреме заврши со скромна оценка за прикажаното, како фудбалерите да не можеа по големата битолска спарина да го дадат максимумот.
            Второто полувреме почна со голема грешка на битолската одбрана, по која Митров го лобуваше Пеце Коруновски, но Сашо Лазаревски од самата гол линија спаси чист гол. Слична акција гостите конструираа преку Белчев 5-6 минути подоцна, но Наумов од тешка позиција со глава го префрли голот. Стерилна беше нешто поактивната игра на штипјани на средината на теренот, а битолчани со влегувањата на Миленковски и Димитровски добија на ентузијазам и свежина. Во интервал од две минути, битолчани имаа две стопостотни шанси. Елмазовски од 35 метри, ги загреа ракавиците на Чановиќ, а по корнерот кој следеше топката се шеташе по гол линијата, но остана во петерецот на Брегалница. Тони Вељановски биеше со глава по корнерот на Миленковски, но Чановиќ со многу среќа и снаодливост ја расчисти опасноста.
            Сепак по најубавата акција во натпреварот, Ивановиќ префрли на левата страната, Филип Миленковски центрираше на петерец, а Благојче Главевски високо скокна и ја „закова„ топката во мрежата на штипјани. „Вештачкиот притисок„ на лидерот од Штип не ги поколеба зелените да издржат до првата победа. Големата желба и одличното второ полувреме ни награди пелистерци да се радуваат на првата победа во новата сезона.



Горазд Михајлов
(тренер на Пелистер)

            Заслужено се радуваме на победа против една многу квалитетна екипа како Брегалница. Клучен момент беше што фудбалерите ја сватија пораката на полувремето, дека можеме до победа и дека голот кога-тогаш ќе дојде. Го сменив системот на игра, додадов уште еден напаѓач и оваа екипа уште еднаш покажа карактер, дека умее и со најдобрите и им честитам на фудбалерите. Оваа победа им ја посветувам на нашите навивачи, кои покрај суспензијата не бодреа од Тумбе кафе и покажаа дека секогаш се со нас.



Никола Спасов
(тренер на Брегалница (Ш))

            Не сум задоволен од прикажаното. Мислам дека заслуживме повеќе од натпреварот. Моите фудбалери играа на победа и беа казнети. Честитки за борбеноста на фудбалерите на Пелистер. На крајот имаа и малку среќа и заслужено се радуваа.



Чкембарите со пароли против ФФМ

            Мечот доцнеше 10 минути заради присуството на навивачите на Пелистер, на зидната ограда на стадионот под Тумбе кафе со пароли против федерацијата. Имено Чкембарите извадија транспарент на кој апелираат против аршинот да се суспендира теренот во Битола. Најверните битолски „фанови„ своите миленици ги бодреа од ридот над Тумбе кафе, од каде може нормално а се гледа натпреварот. Тие во текот на целиот натпревар скандираа и ја бодреа својата екипа,


Нема коментара:

Постави коментар