Powered By Blogger

29. 6. 2015.

Додески од денес пелистерец, ќе пристигнат уште три засилувања

УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛЕР СО ПРВОЛИГАШКО ИСКУСТВО ПРИСТИГНА ПОД ТУМБЕ КАФЕ
Пелистер доведе уште едно ново име во летниот преоден рок. Од Работнички како слободен фудбалер доаѓа 23 годишниот Нинослав Додевски. Тој покрај за дебармаалци настапуваше и за Металург и ќе биде засилување за дефанзивната линија на Зоран Штерјовски.
Тој до крајот на преодниот рок очекува уште три нови имиња: голман, фудбалер за врска и напаѓач. Пелистер на 5 јули ќе го одигра првиот контролен меч со Младост Царев двор на стадионот во Новаци, а од 9 јули битолчани ќе минат 12 дневни подготовки во хотел „Галеб„ во Струга. Предвидени се четири пријателски натпревари во Струга и Охрид, а договорен е дуелот со Металург на 12 јули. По враќањето од главната фаза на подготовки, момците на Штерјовски ќе играат уште четири мечеви, од кои договорен е оној со Брегалница во Штип на 29 јули.

Нема коментара:

Постави коментар