Powered By Blogger

18. 6. 2015.

Новески е фудбалер на сезоната во Мајнц 05

ИАКО ИМА 36 ГОДИНИ И ОДИГРА МАЛКУ НАТПРЕВАРИ, НОВЕСКИ Е ФУДБАЛЕР НА СЕЗОНАТА ВО МАЈНЦ
Николче Новески во анкета на „Алгемајне Цајтунг“ навивачите на Мајнц 05 го прогласија за играч на сезоната.
Во анкетата на интернет порталот, дури 35,7% од гласовите ги добил 36 годишниот ветеран, додека второто место му припадна на Јоханес Гајс (24%), а трет беше Лорис Кариус со 10% од гласовите. Повредите го ограничија нашиот фудбалер на само девет сезонски натпревари, но за навивачите тој останува вистинска легенда и лидер. Битолчанецот сеуште не одлучил дали и каде ќе ја продолжи кариерата идната сезона.

Нема коментара:

Постави коментар