Powered By Blogger

21. 6. 2015.

Томе Китановски го смени клубот, но не и државата

БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР ГО НАПУШТИ ВОЖДОВАЦ ЗА ДА МИНЕ ВО МЛАДОСТ ЛУЧАНИ 
Десниот бек Томе Китановски по шест месеци минати во Вождовац, каде настапуваше стандардно и го освои 14 место, ја менува средината, но останува во српската Јелен супер лига. Негов нов клуб е Младост Лучани и битолчанецот веќе се приклучи на подготовките со својата нова екипа на Златибор.
„Се работи за добар клуб. Слушам добри работи за Младост, дека се работи професионално и на сите нивоа во клубот. Целта ми е да ме послужи здравјето, да одиграм што е можно повеќе натпревари и заедно со тимот да ги оствариме зацртаните цели„ истакна Томе Китановски за официјалната страна на Младост Лучани. Оваа екипа во штотуку завршениот шампионат на Србија го освои 9 есто. Китановски пред Вождовац настапуваше за Пелистер и Универзитатеа Крајова. Има и шест настапи за младинската репрезентација на Македонија.

Нема коментара:

Постави коментар