Powered By Blogger

9. 6. 2015.

Кире Ристевски раскина со Тирана, избира меѓу понудите од странство

ПО САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ, БИТОЛСКИОТ ЦЕНТРАЛЕН ДЕФАНЗИВЕЦ ЈА НАПУШТА ТИРАНА
Македонскиот репрезентативен дефанзивец, Кире Ристевски го напушта албанскиот клуб Тирана по само шест месеци минати во овој клуб. Тој ќе побара нов предизвик и веројатно ќе ја менува лигата. Ристевски беше стандарден како централен дефанзивец за една од најдобрите албански екипи, но наиде на проблеми со доцнење на заостанатите плати и се ослободи од Тирана, која не ги исполни обврските кон него.
Бившиот фудбалер на Пелистер, претходно настапуваше за Балиш во Албанија, каде ја носеше капитенската трака и за Славија од Софија во бугарската лига. Скоро сигурно пак ќе настапува во странство, иако интерес и минатата зима и сега има и од неколку македонски клубови. Ристевски е еден од петмината битолчани во изборот на Друловиќ за мечот со Словачка во Жилина. 

Нема коментара:

Постави коментар