Powered By Blogger

18. 6. 2015.

Петти битолчанец во Вардар: Гачевски потпиша на три години

ПО БРДАРОВСКИ И ГАЧЕВСКИ СТАНА ВАРДАРЕЦ, ПА СКОРО ДА ИМА ПОВЕЌЕ БИТОЛЧАНИ ОД СКОПЈАНИ КАЈ ШАМПИОНОТ
Вардар го промовираше и четвртото засилување, станува збор за голманот Филип Гачевски кој минатата сезона во голема форма бранеше за Брегалница Штип. Голманот Филип Гачевски стави потпис на три годишен договор со Вардар и ќе биде петти битолчанецот во сениорската екипа на Вардар по Пачовски, Спировски, Љамчевски и Брдаровски.
„Среќен сум што станав дел од најголемиот клуб во Македонија. Ова за мене претсавува нов предизвик. Горд сум што во минатата сезона моите добри настапи и долгите минути без примен гол биле забележани од Вардар и ме ангажираа во своите редови. Тука ќе бидам во следните три години“ изјави Гачевски по потпишувањето на договорот. Тој е четврто засилување за црвено-црните оваа сезона. Претходно Вардар потпиша со Ацо Стојков, Бобан Николов и Владица Брдаровски.

Нема коментара:

Постави коментар