Powered By Blogger

29. 6. 2015.

Пешевски, Маловица, Пешиќ се желбите на Пелистер

ПЕЛИСТЕР АКТИВЕН НА РАКОМЕТНИОТ ПАЗАР КАЈ НАС И ВО СОСЕДСТВОТО
Рано е да се види физиономијата на новиот Пелистер, но луѓето одговорни за оформување на екипата работат секојдневно за да засилат тимот на кој му недостигаат многу ракометари за да биде компетитивен. Нема потврда, но битолчани работат на доведување на голманот на Будва, црногорецот Лазар Пешиќ, како и на младинскиот црногорски репрезентативец, кој настапува во Партизан како среден бек, Маловица.
Желба за позицијата кружен напаѓач е репрезентативецот Жарко Пешевски, а можно е враќање на Вешовски на позицијата десен бек. Сеуште е рано за нешто повеќе од прелиминарни разговори, но дефинитивно Пелистер тргна во потрага по солуции за формирање на компетитивен тим за сезоната 2015/16. 

Нема коментара:

Постави коментар