Powered By Blogger

21. 6. 2015.

Пелистер утре го промовира својот најмлад тренер во историјата?

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА ШТЕРЈОВСКИ ДА БИДЕ ПРОМОВИРАН ВО НОВ ТРЕНЕР НА ФК ПЕЛИСТЕР
Во текот на утрешниот ден Пелистер треба да го официјализира новиот шеф на стручниот штаб. И покрај тоа што управата на клубот не открива со кој од тренерите со кои се преговараше, паднал договор, неофицијално дознаваме дека Зоран Штерјовски ќе биде предводникот на пелистерци.
Тренерот на Силекс минатата сезона веќе разговарал со првите луѓе на клубот и само детали го делат од официјална потврда. Нему ќе му биде доверена улогата да го врати битолскиот клуб во Првата лига. Штерјовски ќе има на располагање комплетно изменет играчки кадар, бидејќи Пелистер ги ослободи од обврските сите фудбалери кои не потекнуваат од Битола, а во Втората лига не може да бидат регистрирани странски фудбалери, па заминаа и Митиќ, Станојевиќ, Цирлидис и голманот Драгојевиќ. Пред неколку дена замина и Александар Анастасов кој потпиша за босанскиот Витез. Штерјовски кој има 40 години и ќе биде најмлад тренер во историјата на клубот, година повозрасен од Горазд Михајлов. Покрај за Силекс, некогашниот лев бек на Пелистер, Слога Југомагнат, Беласица во тренерската кариера го водеше и Миравци, а и беше помошник на Драган Канатларовски во Локомотив Пловдив.

Нема коментара:

Постави коментар