Powered By Blogger

19. 6. 2015.

Тони Мицевски и Горан Ставревски со три меча во пет дена, зошто фудбалската страст е посилна од се останато

ФЕНОМЕНОТ НА ДВАЈЦАТА БИВШИ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ РОДУМ ОД ПОЕШЕВО, ПРОДОЛЖУВА И ВО ПЕТТАТА ДЕЦЕНИЈА ОД ЖИВОТОТ
Некогаш играа заедно во националната репрезентација, еден период и во битолски Пелистер, а сега се соиграчи во новиот третолигаш Поешево. Тони Мицевски и Горан Ставревски и натаму ја имаат истата страст за фудбалот, иако се во поодминати години и со некој килограм повеќе. Во периодот кога нашите прволигашки фудбалери едвај се движат на теренот, репрезентацијата тоне, последниот пример на Мицевски и Ставревски е сосема спротивен.
Двајцата играа три натпревари од по 90 минути во неполни пет дена и скоро и да немаат никаков физички проблем, а Мицевски има 45, а Ставревски 41 година. Имено во неделата двајцата беа најзаслужни што Поешево, кое е нивно родно село, го доби баражот за промоција во третата лига и в година ќе игра во повисок ранг. Вчера Мицевски постигна гол во финалето на Купот на ОФС Битола против Новаци, кој Поешево го доби со 4:3, по изведување на пенали, откако бившите репрезентативци надополнија 3:во регуларниот тек.
Нема да биде изненадување веќе на есен во првото коло од Купот на Македонија, Поешево да се сретне со шампионот Вардар, па дури и со Пелистер кој испадна од Првата лига. Дури и фаворитите треба да внимаваат на Мицевски, кој пред две сезони носејќи го дресот на Поешево му даде два гола на тогашниот шампион Ренова и за само неколку минути не го елиминира од Купот. И тука не е крајот, бидејќи денес Ставревски и Мицевски беа дел од мечот на ветераните на Пелистер и Тетекс, кој се одигра на теренот за вештачка трева „Павел Шатев„ во Битола. За умор не станува збор, па битолските легенди се пример за помладите во периодот на општа криза на спортот во градот под Пелистер и испаѓање во понизок ранг на миленикот на „Чкембарите„ Пелистер.
„Сеуште имаме голема желба, фудбалот е голема магија и и натаму со задоволство се натпреваруваме со помладите„ велат фудбалерите на Поешево, кои заедно имаат близу 100 настапи за националната репрезентација.   

Нема коментара:

Постави коментар