Powered By Blogger

26. 6. 2015.

Нов српски прволигаш го „прибра„ Христијан Драгарски

БИВШИОТ ФУДБАЛЕР НА ПЕЛИСТЕР ПРОНАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН ВО СРБИЈА
Битолскиот дефанзивец Христијан Драгарски од денес е нов член на српскиот прволигаш Радник Сурдулица со кој потпиша договор до јуни 2017 година. Драгарски како слободен фудбалер доаѓа од романскиот тим Конкордија.
Тој, беше дел и од младата селекција на Македонија, а кариерата ја започна и афирмацијата ја стекна во Пелистер. Радник Сурдулица заврши на првата позиција минатата сезона во Втората српска лига и со тоа обезбеди учество во Првата лига. Тој е втор битолчанец во српската Јелен Супер лига по Томе Китановски, кој ова лето мина од Вождовац во Младост Лучани. Христијан  Драгарски претходно беше поврзуван со Работнички и Вардар и клубови од Кипар.

Нема коментара:

Постави коментар