Powered By Blogger

21. 6. 2015.

Зоран Петковски е нов тренер на КК Пелистер

КК ПЕЛИСТЕР ДОБИВА НОВ ТРЕНЕР, НАЈМЛАД ВО СВОЈАТА ИСТОРИЈА
Во новата сезона 2015/16, второлигашот КК Пелистер ќе добие нов тренер. Зоран Петковски кој долги години беше капитен на „зелените„ ја почнува својата тренерска кариера, откако го заврши својот ангажман во Радовиш.
Петковски ќе го замени Благој Печалов, кој ќе работи со младите категории на клубот. Со доаѓањето на Петковски, во клубот се враќа и Гоце Анакиевски, кој исто така настапуваше во Радовиш. КК Пелистер се трансформира во акционерско друштво под капата на општина Битола и постои умерен оптимизам дека клубот нема да има организациони проблеми. Управувачкиот тим на клубот ќе биде познат наредната недела. Петковски во својата играчка кариера покрај за Пелистер и Радовиш, настапуваше и за МЗТ Скопје и Куманово.     

Нема коментара:

Постави коментар