Powered By Blogger

19. 6. 2015.

Скопските клубови „полни„ со битолчани, следен е Драгарски во Работнички?

НА ПОВИДОК Е УШТЕ ЕДНО ВРАЌАЊЕ - РАБОТНИЧКИ ГО КУПУВА ДРАГАРСКИ?
Дефанзивецот кој потекнува од школата на Пелистер Христијан Драгарски е следниот кој може да се врати од странство и да се препознае во некој од домашните проекти. Фудбалерот на Конкордија е пред трансфер во победникот на Купот, Работнички, откако се ослободи од договорот со романскиот клуб.
23 годишниот Драгарски е беше стандарден младински репрезентативец на Македонија и може да игра на сите позиции во одбраната. Откако Вардар во неполна година доведе пет битолчани, сега Работнички ја зголемува својата битолска колонија. Алтипармаковски е еден од клучните фудбалери, минатата недела за дебармаалци потпиша Кире Ристевски од албанската Тирана, а следен е веројатно Драгарски.

Нема коментара:

Постави коментар