Powered By Blogger

18. 6. 2015.

Пелистер има план и буџет, новиот проект ќе му биде доверен на Стевче Стефановски?

НОВИОТ АКЦИОНЕР НА РК ПЕЛИСТЕР ВЕЌЕ ИМА ЈАСЕН ПЛАН КАКО ЌЕ ЈА ВРАЌА СТАРАТА СЛАВА
На повидок се добри вести за РК Пелистер и неговата иднина. Само еден ден откако клубот се трансформираше во акционерско друштво, со општина Битола како единствен акционер, се чини дека пронајден е модел како клубот ќе се развива и најнапред организационо, а потоа играчки и резултатски да се врати во врвот на македонскиот ракомет.
Иако структурите на клубот и бордот на директори не е оформен, дознаваме дека „палката„ да го води Пелистер му е доверена на Стевче Стефановски. Бившиот репрезентативен голман и селектор на Македонија ќе ја има клучната улога во оформувањето на тимот на соработници, кои ќе го водат спортскиот проект. Нема информации колкав ќе биде буџетот и кои се целите на новиот Пелистер, но првите шпекулации се дека битолскиот суперлигаш нема да кубури со финансиски проблеми како во последните неколку години. За нешто повеќе и покомпетитивен тим веројатно потребно е време. Деновиве се очекува официјализација на новиот борд на директори, претседател, а експресно Пелистер мора да пронајде компетитивен тим, бидејќи голем дел од ракометарите кои го носеа зелениот дрес минатата сезона, заминаа или се во фаза на заминување на истек од договорот. Дрогришки е пред потпис со Констанца, Кузмановски со Металург, уште неколкумина имаат понуди, а неизвесно е дали црногорците Николиќ и Симоновиќ ќе добијат нови договори. Минатата сезона водени од Игор Николовски и Кире Поповски, пелистерци не влегоа во плеј-офот и само втор пат во историјата не обезбедија место во европските купови. Сепак доколку не беа двајцата млади тренери прашање беше дали клубот воопшто ќе опстанеше во претходните две сезони.

Нема коментара:

Постави коментар