Powered By Blogger

12. 6. 2015.

Нов битолчанец во Вардар, Брдаровски потпиша со шампионот

БИВШИОТ ДЕСЕН БЕК НА ПЕЛИСТЕР, ПО ВРАЌАЊЕТО ОД УНГАРИЈА ГО ЗАСИЛИ ВАРДАР  
Битолската колонија во скопски Вардар доби уште еден член. По Пачовски, Спировски и Љамчевски, нов член на шампионот е и Владица Брдаровски. Тој ќе го носи црвено-црниот дрес по напуштањето на унгарскиот Ѓер.
Брдарoвски е десен бек и потпиша две години со шампионот. Тој доаѓа во Вардар од унгарски Ѓер, а е поранешен фудбалер на Работнички, Брно и на Пелистер. Во досегашната кариера има 17 настапи за македонската репрезентација до 21 година и 2 настапи за сениорскиот тим.

Нема коментара:

Постави коментар