Powered By Blogger

27. 6. 2015.

Експресен пресврт: РК Пелистер ги исплати и договори сите свои ракометари

РАКОМЕТНА БИТОЛА СО НОВИ ГОЛЕМИ ОЧЕКУВАЊА ПО АДМИНИСТРАТИВНАТА СМЕНА 
Дали се гледаат првите резултати од „новите ветришта„ во РК Пелистер? Само неколку дена по трансформацијата на клубот во акционерско друштво, РК Пелистер експресно заврши голем дел од грижите ова лето. Постоеше ризик екипата да остане без ракометари, па експресно реагираа луѓето од управниот одбор и ги исплатија сите ракометари кои ја завршија сезоната 2014/15.
Веднаш потоа ги договорија за сезоната која следува, па дури и младинските репрезентативци Стефан Дрогришки и Филип Кузмановски, кои беа пред заминување во Констанца и Металург, ќе останат во Пелистер и следната сезона. Доколку не пронајде меѓународен ангажман и Васко Димитровски ќе се врати во матичниот клуб и единствен кој е ослободен од обврските е црногорецот Богдан Николиќ. Стевче Стефановски е веќе во потрага по 4-6 странски засилувања, кои најверојатно многу брзо, веќе следната недела клубот ќе ги официјализира. Големиот пресврт во РК Пелистер продолжи со покривање на сите можни долгови на клубот. Во период од само два дена, Пелистер ги регулира и долговите за сите комуналии, кон сите партнери, превозници и слично. Можеби прв пат во историјата РК Пелистер никому ништо не должи. Тоа е вртење на една „нова страница„ во клубската историја. Дефинирани се и планот на подготовките и веќе се договорени базичните припреми надвор од Битола, кои ќе бидат спроведени во месец август. Игор Николовски и Кире Поповски ќе ја водат екипата и следната сезона. Целите веднаш ќе бидат високи, бидејќи во Пелистер не знаат и не размислуваат поинаку освен победнички. Неофицијално се спомнуваат и неколку репрезентативни имиња, но од клубот не шпекулираат со неофицијални информации и како во овој случај, дури кога се ќе биде завршено, ќе излезат со информација за јавноста. Пелистер скоро една деценија е без трофеј во домашниот ракомет, а минатата сезона не успеа да излезе во ниту еден од европските купови. 

Нема коментара:

Постави коментар