Powered By Blogger

30. 6. 2015.

Гичева доаѓа како големо засилување за ЖРК Пелистер

ЖРК ПЕЛИСТЕР ДОНЕСЕ НЕКОЛКУ ЗАСИЛУВАЊА ЗА СЛЕДНАТА СЕЗОНА
Искусната 31 годишна Мери Гичева од соседниот Прилеп е најголемото зсилување за ЖРК Пелистер за новата сезона. Се работи за ракометарка со големо искуство, бидејќи настапуваше во Грција, Косово, Италија и Романија. Покрај Гичева, екипата на Борче Марковски ја засилија и Маја Ивановска од Металург и Елена Крстевска од Прилеп.
За разлика од ланскиот ростер битолскиот суперлигаш го напуштија четири ракометарки: Тамара Дмитриќ, Сабина Етемовска, Ева Гаштевска и Ивана Јанчевска. Во следната сезона ЖРК Пелистер ќе игра во Европа, во Челинџ Купот. 

Нема коментара:

Постави коментар