Powered By Blogger

27. 6. 2015.

Пелистер го доведе Нове Ацески од Победа

ПЕЛИСТЕР ГО ДОВЕДЕ ТРЕТОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ВО ЛЕТНИОТ ПРЕОДЕН РОК
28 годишниот офанзивец Нове Ацески е ново засилување на битолски Пелистер. Тој доаѓа од прилепска Победа, која оваа година се врати во Втората лига. Ацески е искусен фудбалер кој настапуваше покрај за Победа и за Напредок, 11 Октомври и хрватскиот Интер Запрешич.
Може да игра во нападот и во офанзивната линија на средниот ред и ќе му биде од голема корист на новиот тренер на пелистерци, Зоран Штерјовски. Претходно Пелистер ги официјализира Благојче Главевски и Денис Димитроски. 

Нема коментара:

Постави коментар