Powered By Blogger

12. 6. 2015.

Се зголемува битолската колонија во Струмица, Димитровски се договори со Зомимак

БИВШИОТ КАПИТЕН НА ПЕЛИСТЕР НА ПАТ ДА ГО ЗАСИЛИ ВИЦЕШАМПИОНОТ 
Искусниот кружен напаѓач на Прилеп, Васко Димитровски од наредната сезона ќе настапува за вицешампионот Зомимак. Сите детали од преминот на битолчанецот во тимот од Струмица се договорени и тој треба да им се придружи на Пецаковски и Босеовски, кои веќе го носат дресот на овој суперлигаш.
Корпулентниот Димитровски има 33 години и покрај за матичниот Пелистер во три наврати (до минатата сезона беше и капитен) настапуваше на кратко и за Вардар и половина сезона за Прилеп. Од наредната сезона Зомимак ќе ја претставува Македонија во регионалната СЕХА лигата, заедно со државниот шампион Вардар. 

Нема коментара:

Постави коментар