Powered By Blogger

2. 6. 2015.

Се разделија Силекс и тренерот Штерјовски

БИТОЛСКИОТ ТРЕНЕР ПО УСПЕШНАТА СЕЗОНА ГО НАПУШТИ СИЛЕКС. ТРГНУВА ПО НИВ ПРЕДИЗВИК ВО КАРИЕРАТА
Младиот битолски тренер Зоран Штерјовски нема да го води Силекс и следната сезона. Тој разделбата со клубот од Кратово ја потврди на својот Фејсбук профил, каде се заблагодари на сите кои придонесоа клубот во првата сезона по враќањето во Првата лига, да заврши во плеј-офот.
„Сакам да изразам голема благодарност до ФК Силекс кој ми овозможи да бидам дел од еден од нашите најдобри клубови. Мислам дека минав одлична сезона остварувајќи ги примарните амбиции на клубот. Посебно сакам да им се заблагодарам на играчите и членовите на стручниот штаб за рече битолчанецот. Тој претходно го водеше второлигашот Миравци, а беше и помошник на Драган Канатларовски во Локомотив Пловдив. 

Нема коментара:

Постави коментар